Бундеслигашот Мајнц се одлучи да го смени Бо Свенсон од тренерската клупа, по елиминацијата од Купот на Германија од второлигашот Херта. Меѓутоа и резултатите во Бундеслигата не беа на очекуваното ниво, затоа екс играчот на овој тим доби отказ.
Отказот е после денешниот состанок во клубот, каде е решено спогодбено да го раскинат договорот.
Свенсон беше играч на Мајнц цели седум години, од 2007 до 2014, а после завршувањето на играчката кариера, дојде на клупата на тимот во 2021 година.
Покрај тоа што испадна од Купот, Мајнц е последнопласиран тим во Бундеслигата со само три освоени бодови од девет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

