Големата резултатска криза на Манчестер Јунајтед е главна тема во англиската фудбалска јавност, се бара одговорност од тренерот Ерик тен Хаг, а еден од ретките кој застана во негова одбрана е легендарниот голгетер на Јунајтед, Вејн Руни.
Поранешниот англиски репрезентативец порача дека вината за слабите изданија на „црвените ѓаволи“ треба да се бара кај фудбалерите кои играат далеку од посакуваното ниво.
„Сите го критикуваат Ерик тен Хаг, тој е тренерот и тоа е сосема нормално кога работите не одат како што треба во некој клуб. Сепак, кога говориме за Манчестер Јунајтед, треба да се погледнат и фудбалерите, бидејќи и тие мораат да преземат дел од одговорноста. Јас знам дел од овие играчи, добро знам дека можат да играат многу подобро од она што го прикажуваат во последно време“, истакна Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

