Јунајтед има супер-желба: Зидан на местото на Тен Хаг… само има еден проблем

Манчестер Јунајтед во јавноста му искажува поддршка на Ерик тен Хаг, но водечките луѓе во клубот веќе сериозно се сомневаат во способноста на Холанѓанецот да го извади клубот од големата криза, па „црвените ѓаволи“ ја стартуваа и потрагата за нов стратег. Амбициозните директори на Јунајтед не ја кријат желбата да донесат врвен стратег, а приоритет во наредниот период ќе им биде за нов тренер да го доведат Зинедин Зидан.

Французинот е без ангажман по заминувањето од Реал Мадрид, а во меѓувреме одби неколку богати понуди за враќање на тренерскиот занает. Тој чекаше да го наследи Дешамп на кормилото на Франција по СП во Катар, откако извиси за оваа функција имаше мултимилионска понуда од ПСЖ, но Зидан јасно стави до знаење дека кога ќе реши да се врати на фудбалот, тоа мора да биде во вистински проект.

Токму тоа ќе биде проблемот за Јунајтед во овој период, да го убеди Зидан дека овој клуб е вистинското место за него. „Црвените ѓаволи“ немаат ниту играчки кадар за борба за трофеи, а во последните години често менуваа тренери, па тешко е за верување дека легендарниот Зизу ќе прифати еден вака ризичен предизвик.

Доколку не успеат во преговорите со Зидан, челниците на Јунајтед како „план Б“ го имаат Португалецот Аморим, стратегот што по 19 години пауза му донесе шампионска титула на Спортинг Лисабон.

Се вчитува...