За првпат во историјата на Македонија: Ива Пројковска ќе суди натпревар во машки фудбал на интернационалната сцена!

За првпат во историјата на фудбалот во Македонија, еден женски судија од нашата држава ќе суди на натпревар во машки фудбал на европската сцена.

Најдобрата судијка во Македонија, интернационалката Ива Пројковска уште еднаш докажа дека заслужено се наоѓа во групата на 20 елитни женски судии во Европа. За тоа најдобро говори и најновото признание од Судиската комисија на УЕФА бидејќи е одредена да биде главен судија на натпреварот на  машките екипи меѓу ПСВ Ајндховен од Холандија и Ленс од Франција во второто коло од „Б“ групата во младинската лига на евопските шампиони. Ќе и помагаат Дејан Костадинов и Даниел Василевски.  Четврти судија ќе биде Рихард Мартенс од Холандија.

Мечот е закажан за 8 ноември. Во изминатиот месец Пројковска на двапати судеше на меѓународната сцена. Во Париз на средбата на Европските шампиони за жени меѓу Пари Сен Жермен и Мнчестер јунајтед, а потоа и во Лигата на нации меѓу репрезентациите на Холандија и Шкотска.

М.М.

Се вчитува...