Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и легенда на овој клуб Вејн Руни ја коментираше ситуацијата на клубот од „Олд Трафорд“. Тој кажа дека покрај тренерот, виновни се и играчите на клубот.
Актуелниот менаџер на Бирмингем го коментираше и притисокот врз тренерот Ерик Тен Хаг.
„Знаеме дека со Тен Хаг има голем притисок, но некои од играчите не настапуваат на нивото кое го имаат. Тоа го знам, затоа што сум играл со дел од нив. На крајот се почнува и завршува со менаџерот, и тоа е работа на тренерот да извлече максимум од играчите. Последните неколку недели има доста критики, но играчите можат да направат многу повеќе“, изјави Руни.
Коментарите на Руни доаѓаат поради написите за незадоволство во соблекувалната на Јунајтед, при што некои веруваат дека Тен Хаг си има свои фаворити во тимот и продолжува да ги штити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА