Фудбалерите на Барселона во сабота гостуваат на Реал Сосиедад, а тренерот Чави потврди дека може да смета на играчот од средниот ред Педри.
Шпанецот е надвор од тимот од август, кога му беше предвидена пауза од месец и пол, меѓутоа истата траеше нешто подолго, поради тоа што лекарите на тимот не сакаа да ризикуваат и да му дадат „зелено светло“ порано да игра.
Тој требаше да настапи и на „Ел Класико“, меѓутоа на крајот не беше во комбинација.
Надвор од строј сега се Френки де Јонг и Серхи Роберто, а до пред една недела Барселона беше вистинска „болница“ од повредени играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА