Конте се појави во тренинг центарот на Јуве, дали се подготвува отказ за Алегри?

Антонио Конте е виден оваа недела во Виново, тренинг центарот на Jувентус, а фотографијата веднаш предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Не е тајна дека навивачите на Јуве ја изгубија вербата во Макс Алегри. Конте е слободен откако си замина од клупата на Тотенхем во март, во изминатите денови го поврзуваа со Наполи и Рома, но токму тогаш реши да се појави во базата на Јувентус во друштво на неговиот поранешен соиграч Паоло Монтеро, кој моментално ја води младата екипа на „старата дама“

Тоа што доаѓањето на Конте најверојатно ќе биде од приватен карактер не ги спречи фановите да се радуваат на „вестата за неговото враќање во клубот“, но и за повторно италијанските медиуми да почнуваат да пишуваат за отказ на Алегри.

Се вчитува...