Видео снимка од напад на еден маж врз друг стана вирална на социјалните мрежи, а во главната улога е пензионираниот ММА борец Хавиер Баез.
Според полицискиот извештај Баез бил нападнат од страна на 50-годишниот Омар Мареро кој прво се обидел да го нападне Баез додека тој бил во неговиот автомобил удирајќи го прозорот со нож, а откако не успеал во обидот заминал па повторно се вратил со нож, овој пат начекувајќи го поранешниот ММА борец надвор од автомобилот.
Но, за овој потег Мареро веднаш зажали. Баез успеа да го собори напаѓачот и тој заврши во несвест па го собра и полицијата и заврши зад решетки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

