Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз откако славеше во четвртфиналната средба против Холгар Руне со 7-5, 6-7(3) и 6-4 во меч во кој српскиот тенисер за противник повторно ја имаше и публиката.
Французите го исвиркуваа Србинот, му скандираа и „Роџер, Роџер…“ алудирајќи на Федерер, но се тоа е само дополнителна мотивација за најдобриот тенисер на светот.
„Некогаш морате да останете мирни и да се фоусирате на тоа што следи. Тоа е најдобрата работа која може да ја направите, но понекогаш е добро и да изреагирате и да се храните со таа енергија“, изјави Ѓовкоиќ кој потоа се осврна и кон противникот.
„Сличен меч како и претходната година. Секој можеше да го добие секој сет. Одиграв можеби најлош тај-брејк оваа година. Секоја чест за Руне што остана мирен. Можев и полесно да стигнам до победата, но победа е победа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

