ВИДЕО: Уште едно ремек-дело во Првата лига – Калпачки со мајсторија ја враќа Брегалница во игра

Македонија ЃП имаше предност од 0-3 по првото полувреме на гостувањето против Брегалница во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Но, по само девет минути игра во второто полувреме штипјани на извонреден начин успеаја да се вратат во игра.

Откако најпрво во 50. минута Велкоски од непосредна близина погоди за 1-3, веќе во 54. минута ремек-дело на Давид Калпачки кој со извонреден шут од околу 16 метри под самата греда погоди за 2-3.

Се вчитува...