Џирона ја продолжи бајката во шпанското првенство откако во 12. коло славеше и на гостувањето кај Осасуна и тоа по целосен пресврт со 2-4.
Голеадата ја започна Мартин уште во 16. минута од натпреварот за гостинска предност од 0-1, но веќе во 25. минута Будимир изедначи на 1-1. Домаќините со вториот гол на Хрватот во 55. минута стигнаа и до пресврт, но не успеаја да ја задржат предноста.
Довбик во 71. минута изедначи на 2-2, десет минути подоцна Циганков донесе водство за Гирона, а победата ја осигура Гарсија во 90. минута од белата точка.
Џирона најмалку до утре ќе остане на врвот на Ла Лига со 31 освоен бод, додека Осасуна е на средината на табелата со 13 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

