Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одново ја потврди својата класа славејќи во полуфиналето против Андреј Рубљов со 2-1 на последниот АТП мастерс 1000 турнир сезонава.
Србинот се соочи со мотивиран противник кој беше и подобриот на теренот во првите два сета. Русинот го доби првиот сет со 5-7, а беше блиску и до пласман во финалето откако во вториот сет водеше со 6-5, но Ѓоковиќ успеа да се избори за тај-брејк кој го доби со 7-3.
Во одлучувачкиот сет продолжи моментумот на Ѓоковиќ, на крајот славејќи со 7-5 за финален натпревар против бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

