Чаир 2030 продолжува со победите во Првата кошаркарска лига и по шесттото коло во кое „сино-белите“ надоместија негатива од 19 поени за победа од 88-84 против Кожув.
По изедначеното отварање на натпреварот со висок процент на реализација на двете страни и вкупно 50 постигнати поени во првата четвртина (22-28) иницијативата ја превземаа гостите од Гевгелија кои ја зацврстија одбраната, а продолжија со добрата игра во нападот на полувремето заминаа со предност од 33-50.
Сепак моментумот на Кожув запре по полувремето, а на сцена настапија домашните кошаркари. Чаирчани одиграа фантастично во третата четвртина која ја добија со 30-16 со што во последниот период влегоа со негатива од само еден напад (63-66) и наговестија интересна завршница. Избраниците на Рамадан не запреа ниту во последните десет минути, успеаја да направат серија од 12-3 со која негативата ја претворија во позитива и нова два бода.
Со 31 поен Мофит беше лидер на Чаир 2030, а него го следеше Корбет со дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови. 22 поени за Кожув постигна Киршнан, а со 21 поен мечот го заврши Караџовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА