Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на последниот голем турнир оваа сезона, Мастерсот 1000 кој се одржува во Париз по голема битка против рускиот тенисер Андреј Рубљов.
Најдобриот тенисер на светот имаше негатива во сетови и негатива од 5-6 во гемови во вториот сет, но се избори за тај-брејк, го доби истиот, а потоа славеше и со 7-5 во третиот, одлучувачки сет.
Ѓоковиќ кој во текот на целиот турнир „војува“ и на теренот и со публиката претрпе свирежи и по пласманот во финалето на кои одговори покажувјќи ја големината на м***ња во неговото меѓуножје.
Видеото може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

