Се огласија киднаперите на таткото на Дијаз: Ќе го вратиме од почит кон репрезентативецот

Неодамна киднапираниот татко на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз наскоро повторно ќе биде пуштен на слобода со оглед на соопштението кое го прати групата на киднапери.

Како потсетување, прво беа киднапирани двата родители на Дијаз за по само неколку часа мајка да биде спасена од страна на полицијата.

„Фронтот на северот не приморува на економски мисии и една од нив е обезбедувањето на слобода која ќе му ја гарантираме на Луис Манеул Дијаз, таткото на Луси Дијаз штом утврдиме дека тоа навистина е неговиот идентитет. Тој е член на семејство на врвен спортист кој сите ние Колумбици го почитуваме. Сакаме да избегнеме инциденти и ќе го пуштиме на слобода. Луис Дијаз е симбол на нашата држава и се надеваме дека проблемите ќе бидат решени“, стои во соопштението објавена на медиумот „Ел Колумпијано“.

Се вчитува...