Шок на „Сан Сиро“: Удинезе го победи Милан за прв победа сезонава

Удинезе стигна до големи три бода на гостувањето на „Сан Сиро“ кај Милан во 11. коло од Серија А откако славеше со 0-1 благодарение на голот на Переира во 61. минута од натпреварот. Интересно, тоа е само првата победа за гостите во сезоната.

За „росонерите“ тоа е трет натпревар во низа без успех поради кој Милан останува на третото место на табелата зад Интер и Јувентус. Со првиот триумф во сезоната Удинезе пак ја избегна опасната зона и во моментот е на 16. место на табелата со 10 освоени бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...