Роналдо доживува втора младост во С. Арабија – Голчиште за паметење (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо доживува втора младост во редовите на Ал Наср во Саудиска Арабија. Со голем потсмев и сомнеж беше прифатена неговата одлука за преселба на Блискиот Исток по очајната епизода во Манчестер јунајтед, но со доаѓањето на бројни ѕвезди во С. Арабија сега и тоа како доби на атрактивност и неговото присуство.

Ал Наср вчера го победи Ал Халиџ со 2-0 во 12. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

А, стрелец на водечкиот гол Кристијано Роналдо во 26. минута и тоа со извонреден погодок кој вреди да се погледне…

Се вчитува...