Продолжува лошиот старт на сезоната за кошаркарите на Работнички кои го запишаа и третиот пораз во 6. коло од Првата македонска кошаркарска лига, овој пат пред своите навивачи од Еуро Никел со 70-74.
Гостите во текот на целиот дуел беа подобрата екипа на терен, со постојано водство од стартот. На полувремето Еуро Никел имаше предност од 28-33, а по третиот период од играта и 48-60.
Сето тоа ја најави нивната победа, и покрај тоа што Работнички во последната четвртина се обиде да дојде до пресврт. Успеаја кошаркарите од Градски Парк да дојдат и до минус два поени (70-72) во последната минута од средбата, но немаа сили до крај да го свртат натпреварот во своја полза, па на крај Еуро Никел заврши со заслужен триумф о 70-74.
Дубински со 23 поени и пет асистенции беше најдобар кај Еуро Никел, а по 13 поени постигнаа Смит Меквен и Вранеш. Кај Работнички, Триш постигна 17 поени а Ефремовски заврши со 15 поени.
Еуро Никел со оваа победа се зацврсти на четвртата позиција на табелата со четири победи и два порази, една победа помалку по шест натпревари од водечката тројка – МЗТ Скопје, Чаир и ТФТ Скопје. Работнички, пак, со три победи и исто толку порази е на делба на петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА