ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: „Фестивал на евроголови“ и „циркус во Кавадарци“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 13. КОЛО

Неверојатни и крајно возбудливи натпревари ни донесе 13. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Во дербито на колото актуелниот шампион во неверојатен натпревар славеше на домашен терен против Шкендија со 2-1. Шкупи уште еднаш покажа дека во моментов е барем неколку класи поквалитетен од Вардар совладувајќи го без никакви проблеми со 2-0. Вистински циркус беше мечот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Гостивар. Голем број судиски грешки на штета на двата тима, прекин и на крај поделба на бодовоите (2-2). Во голеада со пет погодоци Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Брегалница (2-3). Работнички славеше над Силекс 1-0, додека Воска и АП Брера ремизираа 1-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Mарјан Радески (Струга ТЛ)

Струга ТЛ славеше во крајно интересен натпревар на домашен терен против Шкендија со 2-1 во дербито на рундата во ПМФЛ. Марјан Радески повторно беше најдобар фудбалер во таборот на актуелниот шампион и со тоа и повеќе од заслужено го доби епитетот за најдобар на колото.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга ТЛ)
Актуелниот шампион Струга ТЛ стигна до голем триумф против Шкендија со 2-1 во дербито на 13. рунда во ПМФЛ и со тоа дополнително ја направи интересна борбата за титулата. Шпетим Дуро повторно одлично го постави мечот и е еден од најзаслужните за победата на стружани.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Мишевски и Стојков (Македонија ЃП) 

Во голеада со пет погодоци Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Брегалница (2-3). Мишевски и Стојков со два еврогола беа главните виновници за оваа голема победа на „лавовите“ во Штип.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Се вчитува...