Капитенот на Манчестер Јунајтед прави изненадувачки трансфер?

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш престојното лето ќе биде трансфер мета на клубовите од Саудиска Арабија кои целат кон продолжување на трендот за ангажман на најдобрите светски фудбалери нудејќи им голема сума на пари, пренесуваат англиските медиуми.

Овој тренд го започна токму поранешниот соиграч на Фернандеш, Кристијано Роналдо кој во премина во Ал Наср за 200 милиони евра по сезоната, а продолжи и со имиња како: Карим Бензема, Нејмар, Ријад Марез, Александар Митровиќ, Садио Мане, Рубев Невес, Фабињо…

Португалецот има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, но оглед на финансиските придобивки од трансфер во Саудиска Арабија ќе биде интересно да видиме дали ќе одолее на понудата. За трансфер на Фернандеш во егозитичната дестинација „навива“ и Бенфика, неговиот поранешен клуб кој има 10 отсто од неговата следна продажба.

Се вчитува...