„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Алегри е мајстор за победа од 1-0

Јувентус ја продолжи трката со Интер за првата позиција на табелата во Серија А и по 11. коло во кое „старата дама“ славеше на гостувањето кај Фиорентина во 1-0 благодарение на голот на Мирети во 10. минута.

Интересно, од камбекот на Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус во сезоната 2021/22 тоа е 17 победа со 1-0 во елитното италијанско фудбалско натпреварување што е за три победи повеќе од било кој друг тим во првенството.

Се вчитува...