И четвртото коло во плеј оф во европските фудбалски купови не може да мине без претставниците на Фудбалската федерација на Македонија што јасно покажува дека одлично ја вршат работата. Интересно е да се напише дека на 8 ноември во Холандија, на средбите во лигата на европските шампиони меѓу ПСВ Ајндховен и францускиот Ленс како претставници, делегирани од УЕФА, ќе се најдат Филип Поповски и Ива Пројковска од Македонија.
Филип Поповски, кој последниве две години беше организациониот директор на сите натпреварите на Милан што ги играше на стадионот Сан Сиро во Милано во европските купови, во годинашнава сезона ќе ја врши делегатската улога. Ќе дебитира на мечот ПСВ Ајндховен-Ленс, кој се игра во рамките од „Б“ групата во која се уште и Арсенал од Лондон и шпанскиот клуб Севиља.
Истиот ден, во попладневните часови главен судија на средбата на младите екипи на ПСВ Ајндховен и Ленс во Лигата на европските шампиони ќе биде Ива Пројковска. Ќе и помагаат Дејан Костадинов и Даниел Василевски. Веќе напишавме дека Ива Пројковска, за првпат ќе суди на машки екипи на европската сцена, што е навистина големо признание од Судиската комисија на УЕФА.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

