Бока Јуниорс во саботата вечер на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, доживеа болен пораз од Флуминензе во финалето на Копа Либертадорес. После поразот во финалето, тимот само што се врати „дома“ остана без стручниот штаб.
Хорхе Алмирон, досегашниот предводник на Бока, се одлучи да ја напушти екипата заедно со помошниците.
„Клубот ги известува сите членови и симпатизери дека Хорхе Алимирон го извести клубот дека тој и стручниот штаб нема да ја продолжат соработката со клубот, односно дека нема да ги продолжат нивните истечени договори. Им се заблагодаруваме на се што Алмирон и неговите соработници сторија за овој клуб“, стои во соопштението на Бока Јуниорс.
Алмирон имаше само 17 победи во 42 натпревар, но и покрај тоа беше блиску да му ја донесе седмата титула во Копа Либертадорес. Меѓутоа го загуби натпревари во продолжението со 2-1, и така Флуминензе за првпат дојде до пехарот во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА