Синоќа настапи против Јувентус, а денеска чистеше смет

На „Артемио Франки“ во Фиренца е одиграно дербито меѓу Фиорентина и Јувентус. Му припадна на гостинскиот тим со 0-1, а единствениот гол го постигна Мирети во 10. минута од средбата. Фиорентина имаше многу удари кон голот на противникот, но на крајот остана поразен.

Капитенот на Фиорентина беше Кристијано Бираги, кој доби висока оценка за својот настап. Беше најопасен по голот на Шчесни, а имаше и една шанса од слободен удар која не ја искористи.

Денеска Бираги фудбалот го замени со друга улога. Тој ги покажа своите квалитети, па слободниот ден не го искористи за одмор, туку за помагање на спасувачките служби во чистењето на сметот поради тоа што областа беше погодена од страшни поплави, кои однесоа и неколку човечки животи.

Посебно критична е ситуацијата во Кампи Бизенцио, каде што е снимен Бираги како помага.

Се вчитува...