Англиската фудбалска репрезентација со гостување во Скопје ќе ја заврши оваа 2023 година. Англија е веќе пласирана на Европското првенство во Германија, а останува само да ги одигра натпреварите со „најслабите“ во групата Малта во Лондон и со Македонија во Скопје.
Англичаните после Македонија, следен предизвик ќе им биде селекцијата на Бразил. Пријателскиот меч е денеска потврден, и ќе се игра на 23. март на „Вембли“ во Лондон. Потоа Англија ќе одигра натпревар против Белгија исто така во Лондон.
Англија е еден од најголемите фаворити за освојување на следното Европско првенство. Селекцијата на Саутгејт нема пораз во квалификациите, со пет победи и едно „реми“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

