Волф по разочарувањето во Бразил: За мене ова е најлош викенд во кариерата

По одличните настапи на Големата награда на Соединетите американски држави и Мексико очекувањата за Мерцедес беа големи и на Големата награда на Бразил, но не толку одмана тимот број еден во Формула 1 потполно потфрли во Јужна Америка.

Мерцедес имаше разочарувачки викенд во кој се мачеше и во квалификациите, спринт трката, а и самото „финале.“ Расел воопшто не ја заврши трката, а Хамилтон на крајот беше осмопласиран. Тоа го разочара и првиот човек на тимот, Тото Волф кој вели дека за него ова е најлошиот викенд во кариерата.

„Имплементацијата на перформансите беше добар, но моментумот не се засноваше на тоа да бидеме речиси најбрзи во еден момент, а во следниот да завршиме таму каде што завршивме… на 8. место. За мене лично ова беше најлошиот викенд во последните 13 години.

Тотално збунувачки и во исто време неприфатливо за сите нас. Ние сме одговорни, ние сме солидна екипа, но не изгледаше дека сме солидна екипа. Гледајќи ги последните три трки, бевме една секунда зад Макс, а една недела подоцна не нема никаде. Мислам дека ова едноставно не е во ред“, вели Волф.

Се вчитува...