Новата српска кошаркарска ѕвезда меѓу десетте најдобри на следниот НБА драфт

Новата српска кошаркарска ѕвезда, Никола Топиќ кој потекнува од младинската школа на Црвена Звезда и своите неверојатни способности веќе ги претстави на младинската Евролигата како и на младинското првенство до 18 години на кое Србија го освои златниот медал оваа сезона е дел од АБА-лигашот Мега каде продолжи со фантастичните настапи.

Бекот роден во 2005 година во последното коло од АБА лигата ја предводеше Мега до победа над Задар со 27 поени, 10 асистенции и 6 скокови за што собра индекс на корисност од 41, а со тоа само дополнително ја зголеми неговата вредност пред НБА драфтот во 2024 година.

Според аналитичарите на ЕСПН, Србинот ќе биде избран меѓу најдобрите десет кошаркари. Тој располага со одлично тело, брзина, чувство за игра и креативност поготово во „пик енд рол“ играта, а единствените мани му се реализацијата за три поени и одбраната која на 18-годишна возраст во натпреварување на возрасни не може да биде елитна.

Се вчитува...