Еден од најдобрите македонски кошаркарки, Андреј Јакимовски имаше одличен старт на новата сесзона во НЦАА колеџ лигата.
Тој во победата на неговите Вашингтон Кугарс од 84-55 против Ајдахо, беше убедливо најдобриот поединец во својот тим со 21 поен.
По мечот Јакимовски вели дека конечно е максимално подготвен и целосно здрав…
„Конечно сум целосно здрав, го имав цело лето за да оздравам и да го подготвам телото за новата сезона. Три години се мачев со повреди и се надевам дека тоа е минато и дека ќе биде многу подобро. Задоволен сум од мојата ангажираност, но и од тоа како соиграчите ми помагаа, топката често беше кај мене и добро е што го искористив тоа за доброто на тимот. Мојата најголема цел е да поммогнам на екипата да победува“, рече Јакимовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА