Вистински хаос владееше синоќа во неколку дела од Милано, откако навивачите на Милан и ПСЖ влегоа во меѓусебна пресметка пред вечерашниот дуел на двата тима во четвртото коло од Лигата на Шампионите.
Групи од италијански и француски навивачи физички се пресметале, а еден приврзаник на ПСЖ се здобил со тешки повреди откако бил прободен со нож во пределот на главата. Како што јавува италијанската новинска агенција АНСА, овој 34-годишен навивач се бори за живот во една клиника во Милано, откако бил доведен со исекотини на главата и на ногата.
Исто така, повредени се и неколку полицајци кои интервенирале по повикот за конфликт во населбата Навилја, но и во кинескиот кварт од Милано, каде француските навивачи се пресметале со дел од локалните жители.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА