Лудата тактика на Тотенхем: Со двајца играчи помалку, пресинг на половина терен (фото)

Тотенхем го загуби синоќешното лондонско дерби од Челси со 1-4, меч што го одбележа двата црвени картона што ги добија домашните фудбалери Ромеро и Удоги.

„Спарси“ уште од 55. минута беа со двајца играчи помалку на теренот, примајќи три гола до крајот на мечот, но она што беше изненадувачки е неотстапувањето на тактиката на тренерот Постекоглу, неговиот тим да игра висок пресинг без оглед на бројната немоќ на својот тим. Она што е интересно, во 93. минута при резултат 1-2 Сон не искористи стопроцентна шанса за Тотенхем, по што следеа два гола на спротивната страна.

Одбранбената линија на Тотенхем во огромни периоди од мечот беше поставена на средината од теренот, гостите во бројни ситуации беа фатени во офсајд замка, но исто така фудбалерите на Челси неколку пати избегнаа вакви „стапици“ и сериозно го загрозија голот на Викарио (на таков начин Челси ги постигна трите гола по црвениот картон на Удоги).

„Не ми се допаѓа правецот во кој се движи фудбалот, не сакам да бидам дел од такви здодевни изданија. Игравме храбро и ќе продолжиме така. И да имаме пет играчи помалку, ќе играме висок пресинг, се додека сум јас тренер, ќе биде така“, порача Постекоглу по натпреварот.

Се вчитува...