Официјално: Реал Мадрид задржа уште еден „бисер за иднината“

Реал Мадрид ги користи овие месеци за да потпише долгорочни договори со своите млади и супер-перспективни фудбалери, „врзувајќи“ ги на тој начин уште долго да останат на „Сантијаго Бернабеу“.

Откако во последните десетина дена беа официјализирани новите договори со Бразилците Винисиус и Родриго, денеска беше објавено дека е продолжена соработката и со Едуард Камавинга. Францускиот репрезентативец имаше договор до 2017 година, но Флорентино Перез инсистираше на продолжување на соработката, за поголема плата и клаузула за раскин во висина од една милијарда евра.

Камавинга е член на Реал Мадрид од пред две години, кога дојде од Рен во последниот ден од летниот преоден рок за загарантирани 30 милиони евра, плус 15 милиони поврзани преку неколку клаузули.

Французинот важи за исклучително талентиран играч за врска, но Анчелоти многу често го користеше како лев бек, улога во која Камавинга одлично се снајде.

Шпанските медиуми најавуваат дека следен на листата е Федерико Валверде, чиј нов договор со Реал Мадрид ќе биде официјално потврден в четврток.

Се вчитува...