„Росонерите“ подготвија лажни долари за „платеникот“ Донарума (ФОТО)

Џанлуиџи Донарума вечерва со ПСЖ му гостува на Милан, клубот каде италијанскиот голман ја почна својата кариера, но потоа го навлече бесот откако како слободен играч си замина од „Сан Сиро“ и се пресели во таборот на францускиот фудбалски гигант.

Навивачите на Милан никогаш не му простија на Донарума, го исвиркуваа при неговиот настап за репрезентацијата на „Сан Сиро“, а сега му приредија и специјален дочек пред гостувањето во Милано.

Имено, на трибините на „Сан Сиро“ ќе се најдат илјадници банкноти кои ќе бидат фрлени на теренот. Парите се дизајнирани како американски долари, но наместо еден од поранешните претседатели на САД на нив се наоѓа слика на Донарума, со наслов „платеник“ над неговата глава.

Сите банкноти се со бројка 71 – кој според наполитанската традиција означува „човек без никакви вредности“.

Се вчитува...