Суперкомпјутер пресмета кој ќе ја освои Лигата на шампиони

На половина од групната фаза во Лигата на Шампионите четири тима се блиску до осигурување на место во следната фаза од натпреварувањето. Тоа се Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и бранителот на трофејот Манчестер Сити, кој според суперкомпјуерот на „Опта“ кој направи повеќе од 10 илјади симулации втора година по ред ќе го освои „ушкото“.

Манчестер Сити е најголем фаворит за освојување на трофејот со 99.9 отсто шанса за пласман во осминафиналето, 83.8 шанси за пласман во четвртфиналето и 65.7 отсто шанса за пласман во полуфиналето. Дека „граѓаните“ ќе се најдат во финалето шансите се 49.3 отсто, а дека тимот предводен од Пеп Гвардола ќе ја одбрани титулата шансите се 32.4 отсто.

Зад англискиот тим е Реал Мадрид со 13.1 отсто шанса за освојување на трофејот, потоа следи Баерн Минхен со 12.9 осто шанса, Арсенал со 7.5, Интер со 6.9, Атлетико Мадрид со 3.5, Наполи со 3.1, ПСЖ со 2.7, Њукасл Јунајтед со 2.5 отсто шанса…

Се вчитува...