Милан дојде до првата победа во „групата на смртта“ откако го совлада на домашен терен тимот на ПСЖ со 2-1, и така ги задржа шансите за пласман во следната фаза од најелитното европско натпреварување. „Росонерите“ со пресврт успеаја да го совладаат главниот фаворит во групата, и така да му се одмаздат за оној тежок пораз во Париз пред две недели.
ПСЖ тргна одлично, и со голот на Шкрињар во 9. минута успеа да дојде до предност, но потоа следуваа проблемите за францускиот тим. Леао со ножички успеа да го совлада Донарума за израмнување. Имаше уште шанси на двете страни, но без промени до полувремето. На стартот од вториот дел Жиру по втор пат го израдува „Сан Сиро“ и да донесе предност за својот тим, кој сега дополнително ја искомплицира ситуацијата во групата „Ф“.
Манчестер Сити стигна до победа над Јанг Бојс од 3-0, и со тоа и дефинитивно да го обезбеди пласманот во 1/8 финалето со засега максимални 12 бодови. Головите ги постигнаа Халанд, Фоден и повторно Халанд. Во следната фаза учество обезбеди и тимот на Лајпциг, кој победи во Белград против Црвена Звезда со 1-2, и така стигна до девет бода, или осум повеќе од Звезда и од Јанг Бојс, што значи дека веќе е позната судбината во оваа група, а останува само српскиот и швајцарскиот шампион да се борат за третото место и пласманот во Лигата на Европа. Головите за Лајпциг ги постигнаа Чави Симонс и Опенда, а Звезда само намали со автогол на Хенрикс.
Атлетико Мадрид убедливо беше подобар од Селтик. Победата од 6-0 ја донесоа головите Гризман, Мората, повторно Гризман, Лино, Мората и Саул.
Лацио со голот на Имобиле на крајот од првиот дел стигна до победа над Феенорд. Порто со 2-0 го совлада Антверпен. Стрелци беа Еванилсон од пенал во 32. минута, и Пепе во 89. минута од средбата, а белгискиот тим во вториот дел остана со играч помалку. Антверпен со овој пораз и дефинитивно е елиминиран од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА