Капитенот на Црвена Звезда: Ние само зборуваме, и сметаме нешто…

Капитенот на Црвена Звезда, Александар Драговиќ после поразот од Лајпциг во Лигата на шампионите беше самокритичен кон својот тим.

Тој кажа дека во тимот констатно се појавуваат истите грешки, и дека во иднина ќе мора повеќе да се работи, а помалку да се зборува.

„Истиот гол го примивме и во Лајпциг. Како го одигравме првиот дел, тоа ми пречи. Малку е тоа за натпревар во Лигата на шампионите. Ако играме како вечерва, тогаш ќе изгубиме и на гости кај Јанг Бојс. Мораме да бидеме посилни, не само да зборуваме. Ние само зборуваме дека треба да учиме, минаа два месеци, а ништо не сме научиле и цело време само сметаме нешто. Не заслуживме ниту бод, заслуживме да загубиме и го добивме заслуженото“, вели австрискиот репрезентативец.

Се вчитува...