Пепе се наоѓа на залезот на својата кариера, но португалскиот дефанзивец и на 40-годишна возраст игра на највисоко ниво, и тоа во натпреварување како што е Лигата на Шампионите.
Тој постигна гол за конечни 2-0 на синоќешниот дуел меѓу Порто и Антверпен, со што Пепе испиша историја станувајќи највозрасен играч кој се запишал во листата на стрелци во елитното европско натпреварување. На Португалецот тоа му успеа на возраст од 40 годии и 254 дена, уривајќи го досегашниот рекорд на Франческо Тоти, кој даде гол за Рома против ЦСКА Москва на 38 години и 59 дена. Трет на оваа ранг-листа е Рајан Гигс од Манчестер Јунајтед, кој во септември 2011 стрелаше прецизно против Бенфика на возраст од 37 години и 290 дена.
Кога станува збор за највозрасните фудбалери со настап во ЛШ, на чело е Марко Балота од Лацои со 43 години и 252 дена, пред Буфон од Јувентус со 42 години и 315 дена и Олександр Шовковски од Динамо Киев (41 година и 255 дена).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА