Пливачка федерација: Маленко се уште лажно се претставува како претседател на ПФМ и свикува некакви трибини за спас на спортот

Националната пливачка федерација на Македонија, претставувана од претседателот Горан Стојановски реагираше на дописот од страна на поранешниот претседател Александар Маленко кој, како што велат, се уште претставувајќи се како претседател на паралелна пливачка федерација испраќа дописи за организација на трибини за спас на олимписките спортови.

Маленко за утре (9. ноември) со испратил покана до националните спортски федерации како и до домашните спортски институции за одржување собир на кој ќе се разгледуваат состојбите во олимписките спортови.

Поканата од Александар Маленко

 

Но, од Пливачката федерација на С. Македонија се вчудоневидени, како што велат, од користењето на печат и потпис за федерација со лажно претставување.

 

 

 

 

СООПШТЕНИЕТО ОД ПФСМ ДО НАШАТА РЕДАКЦИЈА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Се вчитува...