Македонија ЃП и Воска Спорт се првите полуфиналисти во Купот на Македонија, откако денеска во четвртфиналните пресметки славеа против Силекс односно Брегалница.
Македонија ЃП на домашен терен во Ѓорче Петров славеше со 1-0 против Силекс, а Воска Спорт ја шокираше Брегалница во Штип победувајќи со 0-1. Пенали ќе се изведуваат во Кавадарци, каде Тиквеш и АП Брера одиграа 1-1 по регуларните 90 минути.
Македонија ЃП до посакуваната победа дојде со голот на Алији во 66. минута од натпреварот.
Воска Спорт успеа да ја изненади Брегалница на дуелот во Штип, победувајќи со 0-1. Откако најпрво во 60. минута Брегалница остана со играч помалку по исклучувањето на голманот Новако кој истрча дури на 30 метри пред својот гол и собори противнички играч, следеше потоа казната на охриѓани.
Во 70. минута одлична акција на гостите која ја заврши Ален Јашароски со мајсторски погодок со глава ефектно совладувајќи го Давков.
Струмичани поведоа на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со 0-1 во првото полувреме. Стрелец на голот беше Цветановски во првата минута од судиското продолжение на првиот дел.
Но, во раната фаза од вториот дел Тиквеш успеа да израмни. Во 52. минута Куреж успеа да израмни на 1-1.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 1-1 (ќе се изведуваат пенали)
Куреж 52′ – Цветаноски 45’+1
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0-1
Јашароски 70′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-0
Алији 66′
УТРЕ (13 ч.)
Скопје – ФФМ тренинг центар: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА