Клоп има план: Германскиот „бисер“ ќе го замени Салах во Ливерпул

Ливепрул летово ги одби милионите од Саудиска Арабија за да го задржи Мохамед Салах на „Енфилд“, но големи се шансите египетскиот ас на крајот од сезонава да си замине од редовите на англсикиот гигант. Тој летово ќе влезе во последната година од договорот, што ќе биде и последна можност за Ливерпул да заработи од неговата продажба и потоа да ги реинвестира парите во нов напаѓач во тимот.

Англиските медиуми најавуваат дека Клоп веќе работи на случајот, германскиот стратег има јасна визија околу изгледот на тимот за наредната сезона. Ако се остварат најавите Салах да си замине од „Енфилд“, на негово место германскиот стратег сака да го доведе својот сонародник Флоријан Вирц. Станува збор за 20-годишен суперталент кој може да игра на двете крилни позиции, Вирц поседува неверојатна техника и го привлече вниманието со извонредните игри на Баер Леверкузен, тој е еден од најзаслужните што овој тим извонредно ја стартуваше сезоната и моментно е лидер во Бундес-лигата.

Германските медиуми шпекулираа дека Ливерпул веќе понудил 92 милиони евра, информација што беше демантирана од управата на Баер, која тврди дека нема добиено ниту една понуда за Вирц за јануарскиот преоден рок.

Едно е сигурно, Клоп ќе има сериозна конкуренција ако се знае дека за овој фудбалер се интересира и Манчестер Сити, но и тимот на Барселона.

Се вчитува...