Сантош ја отвори душата: Роналдо ми е како син, но и денес пак би го седнал на клупа како во Катар

Фернандо Сантош ќе остане запаметен во португалскиот фудбал како селектор кој ја одведе оваа селекција до европската круна, но оваа авантура за жал заврши неславно, откако тој доби отказ по СП во Катар. Португалците не ги оправдаа очекувањата резултатски на последниот мундијал, а згора на тоа Сантош влезе во конфликт со Кристијано Роналдо, оставајќи го лидерот на националниот тим на клупата за резерви на клучните натпревари.

Нецела година по СП во Катар, Сантош отворено проговори на оваа тема, обелоденувајќи ги причините за своите одлуки на овој шампионат.

„Се немам слушнато со Кристјиано откако си заминавме од Катар, но тоа е очекувано. Сакам луѓето да знаат дека јас и тој бевме долго заедно, се познаваме уште од кога имаше 19 години и беше во Спортинг Лисабон. Врската меѓу нас стана уште посилна кога се најдовме заедно во репрезентацијата, секогаш се согласувавме. Бевме блиски, и на личен и на професионален план, тој ми беше како син, или можеби јас му бев како постар брат… но вториот дел од 2022 година беше ужасен за Кристијано, кој имаше семејна трагедија, а потоа два месеци беше без тренинг… за на крајот да потпише за Манчестер Јунајтед“, изјави Сантош.

Тој потоа ги обелодени причините поради кои реши да го седне Кристијано на клупата за време на клучните средби од Мундијалот.

„Тој секогаш беше на топ-ниво на физички план, така беше и во Катар, не постои играч кој така се грижи за своето тело како Кристијано. Проблемот беше во неговата брзина за време на натпреварите, тоа беше неговата слаба точка. Се обидовме да ја поправиме во подготвителните средби за СП, сакавме тој да влезе во ритамот во кој сите го знаевме, но тоа не се случи. Откако беше јасно дека имаме проблем, решив да ја сменам тактиката за нокаут фазата и да заиграме со класичен центарфор. Беше вистински момент за промена, и денеска би ги сторил истото и воопшто не жалам за таа своја одлука“, дециден е поранешниот португалски селектор.

Се вчитува...