Фудбалерите на Реал Мадрид и математички се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва во 4. коло на домашен терен славеа со 3-0 против португалската Брага.
Гостите имаа голема шанса да стигнат до сензационална предност во 6. минута, но Џало не успеа да реализира пенал. Одлично интервенираше украинскиот чувар на мрежата Лунин, кој во последен момент застана меѓу стативите за „кралевите“ откако во текот на загревањето се повреди Кепа. Водство од 1-0 за домашниот тим донесе Брахим Дијаз во 27. минута. 2-0 беше во 58. минута со голот на Винициус Жуниор, додека конечните 3-0 беа дело на Родриго во 61. минута.
Real Madrid [3] – 0 Braga – Rodrygo 61'
byu/Previous-Success8007 insoccer
Пласман меѓу шеснаесетте најдобри на стариот континент обезбеди и Баерн Минхен кој славеше на домашен терен против Галатасарај со 2-1. Клучниот момент се случи во 80. минута кога Хари Кејн донесе водство од 1-0, а во 87. минута истиот фудбалер зголеми на 2-0. До крајот гостите само го ублажија поразот (2-1) преку Бакамбу во 93. минута.
Bayern Munich [1] – 0 Galatasaray – Harry Kane 80'
byu/MarcoRuss insoccer
Арсенал славеше против Севилја со 2-0, додека Интер беше подобар од Салцбург со 0-1. Со оваа победа Интер обезбеди пласман во осминафиналето, а со себе го повлече и Реал Сосиедад кој претходно денеска славеше со 3-1 против Бенфика.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ ПОЛУВРЕМЕ:
АРСЕНАЛ – СЕВИЛЈА 2-0
РЕАЛ М. – БРАГА 3-0
КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР Ј.
САЛЦБУРГ – ИНТЕР 0-1
БАЕРН М. – ГАЛАТАСАРАЈ 2-1
ПСВ – ЛЕНС 1-0
НАПОЛИ – У. БЕРЛИН 1-1
РЕАЛ СОСИЕДАД – БЕНФИКА 3-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

