Тен Хаг како „Калимеро“: Фудбалот не требаше да изгледа вака, се е против нас…

Манчестер Јунајтед се наоѓа на работ на елиминација од Лигата на Шампионите откако „црвените ѓаволи“ загубија со 4-3 од Копенхаген, паѓајќи на последното место во својата група.

Ерик тен Хаг во изјавата по мечот вината ја префрли врз ВАР-арбитрите, кои го повикаа главниот судија Донатас Румсас за стартот на Маркус Рашфорд за кој англискиот напаѓач доби црвен картно пред крајот на првото полувреме. Јунајтед до тој момент имаше целосна контрола и водство од 0-2, но Данците ја искористија предноста од фудбалер повеќе и стигнаа до голема победа.

„ВАР требаше да биде тука за да ни помогне, но тоа повеќе не е случај. Толку многу време требаше да мине за да го повикаат судијата за стартот на Рашфорд, кој секако не е за црвен картон. Ако ја пуштите акцијата во природна брзина, се гледа дека тој само ја гради топката и ударот нема сила за да биде за директно исклучување. Денеска бевме оштетени, три тешки одлуки, сите против нас, дури и при првиот гол за Копенхаген имаше играч пред Онана, но решија да не покажат офсајд. Тешко е сето ова да се проголта, но ме радува што покажавме карактер, дури и со десет фудбалер го диктиравме темпото на натпреварот“, изјави Тен Хаг.

Се вчитува...