Англиските клубови оваа сезона бележат лоши резултати во евопските натпреварувања што може да биде сериозен проблем за амбициите на Премиерлигата во сезоната која следи. Имено, во неа Лигата на Шампионите ќе претрпи промена во форматот и ќе бидат слободни дополнителни два места, кои ќе бидат доделени на клубови од најсилното првенство.
Премиерлигата го негува овој епитет, но разочарувачката европска есен на Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед може да биде сериозен проблем. Двата тима се на дното на својата група во Лигата на Шампионите со големи шанси за задржување на четвртата позиција по крајот на групната фаза.
Тоа се добри вести за Шпанците, Германците и Италијанците кои се далеку поуспешни и многу лесно можат да стигнат до поголем коефициент кој ќе им донесе и напредок на нивите првенсва во ранкингот.
Реал Мадрид и Реал Сосиедад се веќе во следната фаза, а Барселона и Атлетико Мадрид на добар пат да им се приклучат. Кај Германците Баерн Минхен и Лајпциг се веќе во следната фаза, а прва во групата е и Борусија Дортмунд, додека покрај Интер кој е веќе во осминафиналето, Наполи, Лацио и Милан имаа големи шанса да зачекорат зад „нероаѕурите“.
Работите за Англичаните можат да се подобрат доколку Манчестер Јунајтед и Њукасл Јунајтед успеат да ја проминат групната фаза или пак го избегнат последното место и успеат да стигнат далеку во Лига Европа. Во спротивно Премиерлигата ќе остане со четири места, а дополнителните две места ќе им бидат доделени на подобро рангираните првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА