„Килијан Мбапе е идиот“

Легендарниот бразилски стопер Фелипе Мело кој во долгата и богата кариера настапуваше за Фламенго, Крузиро, Мајорка, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер, Палмеирас и сега 40-годишна возраст ги брани боите на Флуминенсе со кој неодмна ја осови јужноамериканската Лига на Шампиони, Копа Либертадорес упати остри критики кон Килијан Мбапе.

Мело се осврна кон изјавата на Мбапе од 2022 година кога изјави дека јужноамериканскиот фудбал не е на нивото на европскиот и нема да биде, но година и пол дена подоцна и тоа нарекувајќи го идиот.

„Мбапе е идиот. Постигна три гола во финалето на Светското првенство против Аргентина, но Аргентина стана светски шампион. Мора уште многу да научи. Не можеш така да говориш за јужноамериканскиот фудбал. Да, тој ќе освои три, четири „Златни топки“, но мора да си ја затне муцката. Европските клубови доаѓаат во Јужна Америка да бараат играчи, а не во Франција“, вели фудбалерот кој запиша 22 настапи за Бразил.

Се вчитува...