Пресврт: Влаховиќ го напушта Јувентус, на негово место се враќа добро познато име

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е се подалеку од Јувентус, откако не се согласува со понудените услови за нов договор. И покрај тоа што пред неколку недели беше објавено дека Србинот ќе потпише нова соработка со најтрофејниот италијански тим, сепак, пропаднала уште една рунда преговори.

Причината е платата на играчот и клаузулата. Во моментов Влаховиќ заработува 7 милиони евра по сезона, а за откупната клаузула Јувентус сакал да биде 100 милиони евра, нешто што не се сложуваат агентите на напаѓачот.

Се погласни се шпекулациите дека Јуве на лето ќе го продава својот голгетер, а веќе се споменува и негова замена. Станува збор за Алваро Мората, напаѓачот кој веќе беше дел од Јувентус во минатото и играше со голем успех.

Се вчитува...