Убедлива победа на шампионот Еурофарм Пелистер во дуелот со Голден Арт со 39:16 во меч одигран во Скопје. Малкуте голови на гостите се благодарение на блескавите одбрани на Марко Кизиќ, кој во првиот дел имаше 13 одбрани, а вкупно 25 на крајот од мечот.
Битолчани прашањето околу освојувачот на бодовите го реши во првиот дел кога имаа предност од дури 14 разлика (21-7). Во вториот дел шампионот нешто помалку ефикасен, но на крајот дојде до убедлив триумф од 23 разлика.
Петар Атанасијевиќ со осум гола беше најефикасен кај победничкиот тим, а воедно и најдобар на натпреварот. Дејан Ѓошевски кај „гостите“ со шест постигна најмногу голови кај Голден Арт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА