Еден од најдобрите натпревари оваа сезона во бразилската лига го одиграа синоќа Ботафого и Гремио. Во луд натпревар Гремио славеше со 3-4 на гостувањето.
Ботафого, водечкиот тим во лигата, водеше се до 50. минута со 3-1, а потоа следеше шоу на легендарниот Луис Суарез. 36-годишниот Уругваец постигна хет-трик за само 20 минути и на тој начин сам донесе пресврт.
Посебно импресивен беше голот за 4-3 по соло-акција и мајсторско двојно проигрување со соиграч…
Luis Suárez: 36 anos, problemas no joelho e ainda destrói no Brasileirão 🔫 pic.twitter.com/EPC81L0Fh2
— B24 (@B24PT) November 10, 2023
Суарез стигна до 14 гола оваа сезона, а Гремио сега се израмни на врвот на табелата со Ботафога и со Палмеирас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

