Утрешниот натпревар меѓу Гостивар и Брегалница во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се игра на стадионот во тетовска Голема Речица.
По обилните врнежи од дожд нема услови за игра на поплавениот терен на Градскиот стадион во Гостивар, поради што двете екипи во договор со ФФМ донесоа одлука утрешниот натпревар од 13 часот да се игра во Голема Речица.
Утре на програмата се уште три натпревари од ова коло во Првата македонска фудбалска лига, а во недела ќе се играат дуелите Македонија ЃП – Работнички и Силекс – Шкупи.

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО (утре, 11. ноември – 13 ч.)
Голема речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
НЕДЕЛА (12. ноември – 13 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

