Рома одигра лош натпревар на гостувањето против Славија Прага, доживувајќи пораз од 2-0 во Лигата на Европа.
Не е страшен поразот за римјаните кои се со сериозни шанси за место во нокаут-фазата, но Жозе Мурињо е револтиран од односот на играчите на терен.
„Не сакам да зборувам премногу за овој меч, а тоа не треба да го прави и никој од играчите затоа што немаат што да кажат… Веќе зборував со играчите во соблекувалната веднаш по мечот, а тоа не го правам никогаш после еден натпревар. Тоа што им го кажав, ќе остане меѓу нас, но и самите знаат дека се што демонстрираа беше ужас“ – истакна синоќа Мурињо.
Португалецот нагласи дека само еден негов играч на терен не заслужил пораз.
„Имавме само една позитивна работа на мечот а тоа е Едоардо Бове. Тој е 20-годишно момче, покажа колку вреди но сам не може да не спаси од пораз. Сите заслуживме пораз вечерва само тој не“ – дополни Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

