Фудбалскиот клуб Ливерпул одлучи да не го продолжи договорот со Тиjаго Алкантара. Шпанецот ја игра последната сезона од договорот, константно е повреден, а минатата сезона не беше во вистинската форма.
Така Тиjаго на лето ќе стане слободен играч после три години. Во 2020 година дојде на „Енфилд“ од Баерн Минхен за 22 милиони евра, а досега има слаб учинок. Од 97 меча само три гола и шест асистенции.
Не е познато каде Тиjаго ќе ја продолжи кариерата, претходно се споменуваше враќање во Барселона, но тоа нема да биде можно сега.
Од друга страна италијанските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп е силно заинтересиран за играчот на Наполи, Пјотр Зиелински, како замена за Шпанецот. Полјакот неколку пати е веќе поврзуван со Ливерпул, но трансферот досега не се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

